Бисерот на Шара – Лешница! Веројатно најпривлечниот и најубав предел на прекрасната Шара, кој пружа извонредни и зашеметувачки глетки. Предел кој наликува на Алпите, прошаран со тревнати падини и со густа зимзелена и букова шума која овие денови веќе почнала да ги поприма боите на есента.
Посебна приказна се малите водопади на Кривошијска река кои се прелеваат во камени кади и пештери кои се полуотворени или, ако сакате, полузатворени. Навистина зашеметувачка убавина. По целиот пат за назад, воодушевени, постојано повторувавме: Преубаво!Ден за паметење, зачинет со изобилие од планински воздух, мир, тишина, шуми, тревни предели, жубор на вода и најважното – прекрасно друштво!А Еди Рама … па тој може само да сонува и посакува ваква убавина!МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!






