Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација.
И Тупанчевски и Фетаи цело време изјавуваа дека трошоците за престојот во Палермо ги платиле од приватна сметка. Гратис биле и влезниците во ложата на стадионот.

И покрај тоа што ветија, денеска само Фетаи објави дека за престојот во Палермо од своја сметка платила 24.000 денари за хотелските трошоци. За авионскиот транспорт и за влезницата на натпреварот се погрижија од ФФМ.
Најверојатно истиот „аранжман“ важел и за Тупанчевски, Нанев, за Бучковски со двата сина, Мерко и Бакрачевски.
Цел текст:
https://mkd.mk/makedonija/sudstvo/vip-gostite-vo-palermo-sepak-letale-gratis-a-dobile-i-gratis-vleznici-za






