“Идите тамо да го победите Португал, а јас ќе ве чекам со овој дрес што ми го подаривте сега” – рече премиерот Ковачевски за време на испраќањето на фудбалерите кон Португалија.
Ваквата изјава на премиерот наиде да смешни коментари по социјалните мрежи, дел од граѓаните мислат дека ваквото внимание од државниот врв ќе биде малер за фудбалерите, некои дека ќе донесе среќа.
“Господ нека ни се смилува штом ти ги испраќаш”, “Тоа е тој јазик на нивната земја”, “Идите таму – како не ти е срам така да се обратиш на луѓе што ја претставуваат државата” , се само дел од коментарите на постот.
Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?v=1101543404031533&extid=CL-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C&ref=sharing







