Беше епископ во Персија после свети Симеон. Еднаш во сон му се јави свети Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови свети Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“
И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуброен клир и народ, и сите ги изведе на суд. Прво нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества.
Садок одговори: „Ние сме од сè срце подготвени да умреме за нашиот Бог, но на сонцето и на огнот нема да им се поклониме“. По ова беа мачени и осудени на смрт со меч. Пред смртта, свети Садок Му ја вознесе на Бога оваа молитва: „Измиј нè, Боже, во нашата крв од нашите гревови!“
Неговите свештеници и верни заедно со него ги предадоа телата на смрт, а душите на Бога бесмртниот. Пострадаа во 342 или во 344 година.







