Силна експлозија, во која се повредени 10 лица, од кои тројца потешко, одекна во населбата Литонсвил, во градот Силвер Спринг, кој граничи со Вашингтон.
Експлозијата во Силвер Спринг го однела покривот на една од зградите, а делови од нејзината фасада прелетале преку улицата. Оштетени се уште три објекти кои се прогласени за небезбедни за домување.






