Нема лумпување со пејачи и диџеи, во кафана по 4ца на маса ова изгласа владата доцна во ноќта:
„Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека немаа дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица“, посочи Филипче.
Според последните здравствени извештаи најголем процент на заболени се на возраст меѓу 20 и 40 години. Министерот Филипче потврди дека и целосна забрана на јавни собири е мерка која се разгледувала.






