Учеството на бројот на вработените во јавниот сектор во вкупниот број на вработени во 2016 година беше 23,2 отсто. Во 2021 година тој процент е 25,2 отсто или нови работни места за 32.000 лица, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика.
Во 2016 година бројот на вработени лица во Македонија бил 723.550, од кои во приватниот сектор работеле 555.894 лица, а во јавниот сектор 167.657 лица.
Во 2021 година бројот на вработени бил 795.024, од кои во приватни компании плата земале 594.949 лица, а од буџетот 200.075 лица. Ова е зголемување за цели 32.000 лица.

Сите определби за намалување на државната администрација, за превработеноста, за немањето канцеларии каде сите административци да се пикнат за да имаат работно место, што не секогаш значи и работна задача овие бројки ги фрла во вода.
Или речиси половина од нововработените (45,4%) беа во јавниот сектор (во овие пресметки во јавниот сектор се пресметани и вработените во мешовита и здружена сопственст, каде бројките се занемарливо мали во споредба со приватниот и јавниот сектор).

Пад на бројот на вработените во јавниот сектор (за 25.881), во споредба со новите вработувања во приватниот сектор (179.028) е регистриран во периодот од 2006 до 2016 година. Во тој период е намален процентот на вработените во јавниот сектор од речиси 34 на 23 % или за 10,8 процентни поени.
Во 2021 година бројот на вработени во Македонија е 795.024, од кои 594.949 во приватниот сектор и 200.075 во јавниот сектор или односот е 74,8: 25,2.

Во контекст на актуелните дискусии за зголемување на платите, претставници на Владата изјавуваат дека прво треба да се крати јавната адмистрација, па да се зголемуваат платите во јавниот сектор. Сепак, бројките од Државниот завод за статистика покажуваат тренд на зголемување на админситрацијата, а не на намалување.
МКД.МК






