Околу 40 илјади ученици немаат компјутер за да ја следат наставата. И додека голем дел од семејствата немаат финансиска можност да си купат компјутери за нивните деца, министерката за труд и социјална политика наместо да се потруди да ги обезбеди истите, таа им порача на родителите дека можат да ги купат за викенд без ДДВ.

Инаку во Уставот на државата јасно пишува дека основното образование е бесплатно.
Имено, членот 44 од Уставот на Република Македонија гласи:
-СЕКОЈ има ПРАВО на образование. Образованието е ДОСТАПНО за секого под ЕДНАКВИ услови. Основното образование е ЗАДОЛЖИТЕЛНО и БЕСПЛАТНО.
Додека пак членот 2 од Законот за основно образование гласи:
(1) Секое дете има право на основно образование.
(2) Се забранува ДИСКРИМИНАЦИЈА по основ на пол, раса, боја на кожата, национална, СОЦИЈАЛНА, политичка, верска, ИМОТНА и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование, утврдени со овој закон.
Се поставува прашањето дали образованието е бесплатно и дали со воведување на онлјан наставата се крши Уставот на Република Македонија и Законот за основното образование.
Деновиве во продавниците за техника имаше редици како за во банка, а евтини компјутери и лаптопи нема. Родителите револтирани и разочарани. Во моментот најниската цена на лаптоп со минималната конфигурација за следење на онлајн настава во продавниците за техника е 15.980 денари, а на десктоп-компјутери од 17.500 денари па нагоре но ги нема на залиха.






