Наум Стоилковски му упадна на прес-конференција на пратеникот Дарко Каевски, кој ја држеше пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Додека Каевски зборуваше за случајот „Титаник“ и бараше повлекување од политика од Христијан Мицкоски, Стоилковски го постави неколку прашања.
Бидејќи Каевски го игнорираше и продолжи со прес-конференцијата, Стоилковски му се обрати со „дечко“ и праша како направил четири милиони, како купил куќи и станови. Потоа го прашуваше: „Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Ден Дончев бе братче?… Кажи како направи четири милиони и дали ти се во една или повеќе банки. Брза и ефикасна истрага како Дарко Каевски на 30 години има 4 милиони во банка“.






