Новите сателитски снимки до кои дојде Си-Ен-Ен покажуваат дека големата база со руски тенкови, артилерија и муниција во близина на украинската граница е во голема мера испразнета, а опремата очигледно е поместена многу поблиску до границата во последните денови.
Базата се наоѓа во Јелња, југоисточно од градот Смоленск и на околу 260 километри од украинската граница. Големо количество оружje беше пренесено таму на крајот на 2021 година – вклучувајќи околу 700 тенкови, бopбени возила и фрлачи на балистички pakети.
Поголемиот дел од таа опрема сега исчезна, според радарските сателитски снимки од 6 февруари. На снимките се гледаат и траги од возила кои заминуваат.







