Македонците чекаат ред да се поклонат пред Ликот иДелото на големиот Македонец Гоце Делчев.
Ова се фотографиите од Црквата Свети Спас.


Професори од Филозофскиот факултет кои беа присутни истакнуваат дека Гоце Делчев е неразделен дел од македонскиот народ. Професорите покажаа дека гордо ќе се борат за зачувување на историската вистина која несомнено кажува дека Делчев е Македонец.

Меѓу присутните беше и Професорот Ванчо Ѓеорѓиев, кој претходно ја напушти историската комисија од македонска страна, со обвинувања дека таму се тргува со македонскиот национален инетерес и дека се вршел политички притисок врз членовите на коммисијата.
За време на церемонијата за 150 годишнината на Гоце Делчев, државниот врв беше пречекан со свирежи од страна на граѓаните кои извикуваа “Предваници” и “Никогаш Северна само Македонија”, по што делегациите набрзина заминаа од местото.






