Денеска почна граѓанска петиција за разрешување на директорот на ОУ „Башкими“ во Гостивар, каде на Ембла со Даунов синдром не му беше дозволено да присуствува на наставниот процес.
Според организаторите, наводно, директорот на ова училиште згрешил со својата постапка против малата Ембла и за ова треба да биде разрешен од функцијата. Повреда на правото на образование е констатирана од Хелсиншкиот комитет, се вели во петицијата, каде што почна собирањето на потписи за разрешување на директорот.
За разрешувањето на дотичниот директор зборуваше и министерот за образование Јетон Шаќири, кој вчера изјави дека работи на прибирање и анализа на постоечките документи за да се преземат потребните активности.
Комисијата за заштита и спречување од дискриминација отвори предмет за случајот „Ембла“. Дека директорот згрешил констатираше и првиот човек на Гостивар Арбен Таравари.







