Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Наставничка по математика им викала на децата дека се грди и инвалиди: Родителите бојкотираат настава, директорката си поднесе оставка

by bulevar_com_mk_4dm1n
2022-02-02
in Uncategorized
Наставничка по математика им викала на децата дека се грди и инвалиди: Родителите бојкотираат настава, директорката си поднесе оставка

Како што дознава Слободен печат директорката на ОУ Љубен Лапе Маријана Панчевска си поднела оставка и пред два часа го информирала градоначалникот на о. Аеродром дека заминува од функцијата.

Во основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром има бојкот на наставата  во шестите одделенија поради  крајно некоректното, непрофесионално, неетичко и незаконско однесување и работење на наставничката по математика Анета Костовска. Таа ги навредувала и психолошки ги малтретирала учениците. Им викала дека се инвалиди и дека се грди, реагираат родители на децата кои денеска одлучија да излезат на протест и да ја бојкотираат наставата.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Директорката , наместо да постапи согласно законските надлежности и јасните одредби во Законот за основното образование, Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Статутот на училиштето и да ја отстрани од настава, повеќе од три месеци како акутен проблем го одолговлекува и ги занемарувала барањата на Советот на родители, посочуваат родителите во писмо до јавноста.

-Ги исцпривме сите законски можности, но реакција од надлежните нема. Наставничката по математика Анета Костоска и натаму ги учи нашите деца, а досега сме поднеле повеќе жалби за нејзиното однесување со учениците – им вика дека се инвалиди, дека се грди, ги тера да стојат 45 минути пред табла за да видат како ѝ е нејзе, велат родителите чии деца ја бојкотираат наставата во ОУ „Љубен Лапе“ во Скопје.

Обраќањето до јавноста го пренесуваме во целост:

„Сакаме доследно и транспарентно да ја информираме јавноста за овој горлив долгогодишен проблем кој веќе ескалира. Второто полугодие почна со бојкот на наставата во ООУ Љубен Лапе – Скопје во шестите одделенија, поради крајно некоректното, непрофесионално, неетичко и незаконско однесување и работење на наставничката по математика, Анета Костоска. Проблем кој има име и презиме и своја историја, за кој е потребна сеопфатна анализа. Долгогодишен проблем на училиштето за кој не се преземаат никакви мерки од страна на надлежните стручни служби и директорката на училиштето заради колегијалност и ‘сожалување’ на наставничката, спротивно на воспитно-образовната дејност и спротивно на интересот на учениците, занемарувајќи го претрпеното емоционално и психичкото вознемирување на нашите деца и нивните солзи. Проблем кој опстојува со години, но за жал досега ништо суштински не е превземено за да се реши истиот.

Нашите деца, ученици во шестите одделенија во кои предава наставничката Костоска се под постојано психичко и емоционално вознемирување, без право на збор, без право да постават прашање, со недостаток на елементарна комуникација меѓу наставник и ученик, изложени на потсмев и постојан притисок и упатени навреди од страна на наставничката. Наставничката НЕ комуницира ниту со колегите, од неразбирливи, свои субјективни причини.

Во продолжение, ќе Ви отсликаме неколку реални примери каде учениците се принудувани да стојат пред табла 45 минути за да видат како ѝ е нејзе (овој случај е посведочен и од педагошко-психолошката служба на училиштето), а дел од нив нарекувани со погрдни имиња како „инвалид“ и „грдо дете кое останатите ученици не треба да го гледаат затоа што е премногу грд“. За време на часовите наместо да им дозволи да постават прашање им вели на учениците дека „сега е време да се вежба тишина“. Покрај ваквото однесување, предавањата на наставничката се крајно несоодветни, со едноставно пишување на бројки на таблата, без објаснувања и без можност за разјаснување на нејаснотиите. Сето ова резултира со исклучително ниски резултати на контролните и писмените задачи, за кои ние како родители немаме никаков увид. Резултатите се толку лоши што во едно од одделенијата на последната писмена од прво полугодие има приближно дваесет единици.

Наставничката по математика Анета Костоска грубо ги крши Стандардите за професионално однесување на наставниците во основните и средните училишта, утврдени од министерот за образование и наука, како и направени се потешки прекршувања на Етичкиот кодекс на училиштето. Законот јасно утврдува дека грубото и потешко прекршување на одредбите претставува основ за суспензија на наставникот и утврдување на одговорност.

Истовремено, директорката на училиштето, Марјана Панчевска, наместо да постапи согласно законските надлежности и јасните одредби во Законот за основното образование, Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Статутот на училиштето и да ја отстрани од настава, повеќе од три месеци како акутен проблем го одолговлекува и ги занемарува нашите и барањата на Советот на родители, како и задолженијата кои ги добива од Училишниот одбор, сè со цел, како и изминатите години да помине учебната година и наредната година да биде прераспределена на нова генерација, која одново се соочува со истиот проблем.

Бидејќи сметаме дека ги исцрпивме сите законски можности, започнуваме со бојкот на наставата се до исклучување на наставничката од настава по математика, поради несовесно и незаконско работење на штета на учениците, постапка која сериозно ги крши правата на децата по повеќе основи.

Ова известување нека биде апел до државните институции за ИТНО санкционирање на овие девијантни појави во образованието и заштита на интересот на учениците“, се вели во апелот на Советот на родителите на ОУ „Љубен Лапе“ од скопската општина Аеродром.

Previous Post

100 еврa КАЗНА за постарите од 50 години кои не се вакцинирани

Next Post

Д-р Мехмедовиќ на Фејсбук се дообјасни што значела „манипулацијата“ со бројките на починати од ковид-19

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Д-p Мexмeдoвиќ кoj e „Maж co cтил на гoдинaтa“ – Имaм oкoлу 100 чeвли

Д-р Мехмедовиќ на Фејсбук се дообјасни што значела „манипулацијата“ со бројките на починати од ковид-19

Recommended

Нетанјаху: „Во фаза сме на победа – армијата ќе ја преземе контролата над Газа“

Нетанјаху: „Во фаза сме на победа – армијата ќе ја преземе контролата над Газа“

4 months ago
Откако Трамп предложи да се сретне со Путин, пристигна експресен одговор од Кремљ

Откако Трамп предложи да се сретне со Путин, пристигна експресен одговор од Кремљ

7 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.