Ова да внесеме бугарска заедница во нашата држава е според е двојниот аршин, бараат да не се споменува македонско малцинство во Бугарија, а ние да внесеме бугарско во преамбулата, изјави за „Тема на денот“ на Сител Никола Димитров екс министер за надворешни работи и екс вицепремиер за евроинтеграција, контра изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ кои сметаат дека не е проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав, а молчат за Македонците во Бугарија.
– Бугарија имаше барање да декларираме дека македонско малцинство, ама ако ние тоа го кажеме ќе биде мешање. Дали некои луѓе се малцинство не може да биде предмет на политичка декларација на Бугарија, тоа е право на изнесување на тие луѓе, рече тој.
Според него луѓето треба да имаат права да се здружуваат, да имаат свои организации, да се грижат за заеднички интерес и овој сегмент не може да значи мешање во внатрешните работи на Бугарија.
– Кога го презентиравме договорот за пријателство прашањето за малцинството беше посебно. Прашањето дали една група на луѓе се малцинство е прашање за таа група во 21 век во Европа. Ние така се однесуваме кон сопствените граѓани и државите членки на европската Конвенција за човекови права, посебно на Рамковната конвенција за национални малцинства, Советот на Европа презеле обврски дека овие права ќе ги почитуваат, изјави Димитров.






