Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти, вели Каракачанов.
Коментирајќи ја посетата на премиерот Кирил Петков на Македонија, поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов истрела уште една отровна стрела кон „браќата“ Македонци, кои, според него, страдале од сопствената глупост!
– Страдаат Македонците. Зошто? Бугарија е во Европската унија и во НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост. Тоа не е добро, но што да направиме ние? Да се самоубиеме зошто нашите крвни браќа во Македонија се со заматено самосознание и што нивната политичка елита се прават итреци? – праша лидерот на вонпарламентарната ВМРО-БНД во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).







