Професорката Мирјана Најчевска реагира на денешната изјава за новиот министер за евроинтеграции, (до вчера мминистер за правда) Бојан Маричиќ, дека македонската држава не треба „да кажува каде и какво малцинство има во некоја држава во регионот. Тоа е внатрешно прашање на сите држави вклучувајќи ја и Бугарија“.
„Срамота бре.
ЕСЧП донесе 16 пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, а овој вели дека ние како држава не смееме да зборуваме за него.
Основните човекови права постојат независно од билатералните договори.
Тие се универзални“ го подучува Најчевска министерот во објава на Фејсбук…







