Бојан Јовановски прослави втор роденден во КП Идризово.
На сликата која неодамна се појави на социјалните мрежи, може да се забележи дека Боки 13 се наоѓа во добро друштво и се уште во негов стил, заедно со цимерите прославуваат роденден.
Јовановски, кој неодамна објави цела серија на отворени писма до јавноста, каде обвини за рекет и криминал во највисоките инстанци на власта и владеачката партија, затворската казна ја издржува заедно со своите стилизирани парчиња облека и капути, кои најверојатно се ретка глетка по македонските затвори.







