Снимки од униформирани луѓе со зелени беретки, со воени знамиња на РБиХ, кои извикуваат „Алаху акбар“, се појавија на социјалните мрежи.
Снимките се направени во Бужим, место во близина на Велика Кладуша на западот на Босна и Херцеговина.
Во извештајот на РТРС се наведува дека снимките се направени дента кога семејствата на 56 борци на војската на Република Српска од Нови Град одбележувале 29 години од страдањето на своите најблиски. Истиот ден бошњачките здруженија организирале марш за величење на акцијата на армијата БиХ во која се убиени голем број српски цивили.
Тие во воени униформи, носејќи знамиња на таканаречената армија БиХ извикувале „Алаху акбар“. Може да се види дека меѓу присутните има голем број деца.
Може да се забележи присуство на луѓе во униформи на Оружените сили на БиХ, откако министерот за одбрана на БиХ Сифет Поџиќ нареди отворање постапката против својот заменик Мирко Околиќ и уште петмина припадници на оружените сили поради учество на одбележувањето на 9 јануари, Денот на Република Српска, пренесува МКД.мк.






