Филипче и Комисијата за заразни болести ја анализираат епидемиолошката состојба и зголемениот број случаи со Ковид-19
Скопје, 2 октомври 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека во тек е консултација на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи со Ковид-19.
Од Министерството посочуваат дека ќе проследат повеќе информации по завршување на консултативната средба.
Според денеска објавениот извештај за состојбата со Ковид-19 во државава, дијагностирани се нови 225 случаи, шест починати и 96 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, бројот на оздравени пациенти е 15.164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450






![Екстремни временски услови: Снег во јули во Турција, додека Европа се топи на рекордни температури [ГАЛЕРИЈА]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/516034757_1272625974221399_8006230028522087730_n.jpg)