По долги години Наташа Беквалац конечно проговори за Новак Ѓоковиќ
Како што истакнува, меѓу нив немало ништо и се што било напишано било местенка. Поточно, во 2009-2010 година се пишуваше дека Новак наводно ја раскинал тригодишната врска со Јелена, за да биде со Наташа.
-Темата дека Ѓоковиќ флертуваше со мене своевремено ја заинтригира јавноста, но беше исклучително штетна и за него и за мене. Нема што да се зборува, бидејќи се е наместено. Апсолутно нема простор за каква било приказна за тоа. И сега оваа приказна да започне би ги повредила сите. Тоа навистина нема никаква врска со вистината. Сите ме познавате и знаете дека секогаш зборувам онака како што е, без разлика што е, но тука нема место за приказна, кажав се – рече Наташа.

Потоа таа го пофали Новак.
– Новак е гордоста на Србија. Тој е всушност гордоста на секој од нас. Мислам дека Ѓоковиќ е единствениот човек кој не претставува во светот на начин на кој сите треба навистина да се гордееме што сме од Србија – заклучи Беквалчева.
Потсетуваме, оваа „афера“ се случи во 2010 година, кога пејачката и тенисерот беа фотографирани во познатиот хотел „Сплендид“ во Будва.







