Сметките за парно во јануари во Скопје ќе бидат повисоки за 14 отсто поради зголемената цена на природен гас на пазарот. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовки кажа дека 13,8 милиони евра се потребни за набавка на природен гас за топланите, но тој трошок не можат да го платат само граѓаните и затоа побара разликата да ја покријат Владата, Град Скопје и скопските општини.
„Цената за парното ќе се зголеми за 14 проценти. Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018, имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и Општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија.“ – изјави Марко Бислимоски – Претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Бислимоски додаде дека засега не се размислува за префрлање на БЕГ да работи на мазут, иако неговите котли тоа го овозможуваат. Сепак, доколку се дојде до ситуација да нема природен гас, или неговата цена да биде екстремно висока, Бислимоски вели тогаш – таквата опција стои како отворена.
„Доколку БЕГ почне да работи на мазут, тогаш до крајот на грејната сезона ќе треба да работи на мазут. Јас тоа не го препорачувам, но ако нема природен гас и цената е многу висока може и тоа да се разгледува како крајна опција. Топланите се во подрчја каде живеат луѓе и тоа ќе се одрази врз загадувањето и здравјето на граѓаните.“ – изјави Марко Бислимоски – Претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Регулаторната комисија за енергетика објави дека струјата ќе поскапи за 9.48% од јануари, и дека ќе се укине дневната евтина тарифа од 14-16 часот, а соопшти дека поскапува и парното греење за 14,05% за сите корисници во Градот Скопје.







