Филипче во гостувањето на Сител ТВ, најави дека во ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.
Тој вели целта е да се дозволи учениците да се вратат на училиште, но тоа мора се прави чекор по чекор.
„Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“, рече Филипче.







