„Претседателот на општина Тетово Билал Касами денес откри еден скандал од претходното владење, каде што едно лице 8 години добивало плата како вработено во општина Тетово, додека престојувало во Германија.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА пишува: „Градоначалникот Касами нагласи: ‘Од пред два – три дена се соочувам со една ситуација каде што еден вработен, што прима плата редовно од општина Тетово, а работи во Германија, и за 8 години никому не се сетил зошто ова лице ги зема парите на даночните обврзници од Тетово’. Според него, од минатата администрација фигурирале речиси 340 вработени, од кои значителен дел ниту доаѓале на работа, но добивале многу пари. Меѓу нив се и некои што се блиски на поранешни општински функционери.“
„Касами истакна дека успеал да прекине значителен дел од овие фиктивни договори.“






