Вечерва на булеварот „Илинден“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која автомобил кутна едно од дрвјата засадени во средината на булеварот, по што остана качен на бетонското ѕитче во средината меѓу двете коловозни ленти, објави Сител.
Засега нема информации за тоа како дошло до несреќата и дали во неа има повредени.
Полицијата е на терен и во моментов врши увид.






