Вчера околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Копаница, скопско, 16-годишник од с.Бојане, скопско, бил повреден со огнено оружје.
Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а во врска со настанот од слобода бил лишен 16-годишник од село Копаница, скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот.
Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.






