Несреќата се случила покрај патот I94 во округот Џексон.
Во судирот учествувале камиони и патнички возила, јавуваат локалните медиуми.
Според локалната полиција, во тој реон паѓал леден дожд кој создал крајно опасни услови на патот.
Засега државната полиција и Брзата помош не можеле да дадат попрецизни информации за повредените, но патот е блокиран, а граѓаните се предупредени да го избегнуваат тој правец.






