До април ќе се обезбедат 40.000 компјутери за учениците
Премиерот и министерката за образование им посакаа среќен почеток на првачињата од Општина Карпош.
„Сите учиме во целиот овој процес. Јас сум ваш партнер и порачувам да се соработуваме едни со други. Родители вие додека сте на работа можеби ќе има ситуација да се јават наставничките дека детето има покачена температура но и таквите ситуации заедно ќе ги надминуваме“. Вели Царовска.
Премиерот Заев истакна дека со почитување на мерките и оваа учебна година ќе биде успешна.
– Знаењето кое ќе го примате ќе ви помогне да станете лекари, градители, сликари, новинари, глумци и така натаму. Оваа школска година не е како минатите, сите мора да сме солидарни и да се придржуваме до мерките, изјави Заев.
– Постапка за набавка за 40.000 компјутери би траела до април месец.Ќе направиме да може секое дете да се чувствува еднакво со другите, изјави Заев.






