Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пpoфecop до Цapoвcкa: Нeпoчитувaнa, бeвтe нajлoшиoт миниcтep во иcтoриjaтa

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-12-21
in Uncategorized
Се подготвува нов закон за учебници – Царовска: Одиме етапно со сериозен зафат во образованието

РЕКВИЕМ ЗА ЕДНА МИНИСТЕРКА

„Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Мила Царовска

Непочитувана министерке Царовска,

Навистина немав намера повеќе во животов да се занимавам со Вас. Што би се рекло- доста е. Од Вас!

Но слушајќи ја денес Вашата изјава, решив да Ви го напишам ова писание, не за да нешто Ви соопштам, бидејќи Вас ништо не Ве допира, туку за да подетално можат моите другари, колеги и цела јавност (за Вас плебс), да видат со каков африкански диктатор си имавме работа ние од образованието. Не знам на што се должеше Вашето деспотско однесување. Од една страна постојано зборувавте за Европа и европски вредности и секако за Вашите омилени МАРГИНАЛИЗИРАНИ КАТЕГОРИИ на родови булшит филозофии, а од друга страна посамобедисана и полоша сте од Роберт Мугабе. Тоа е веројатно поради фактот што никогаш не сте работеле во образование, а дојдовте како самопрогласен реформатор и ослободител од долгогодишните несоодветни политики во образованието. И така прекрасно поткована со знаења, стекнати во невладината ХЕРА, дојдовте да заповедате, да не почитувате никого. Чудно, ХЕРА склучи договор со БРО за незнам колку пари да не учат нас и нашите деца за тоа дека нема само маж и жена, туку има и друго. За тоа дека има пол, но има и род. За тоа дека секс може да имаат и маж со маж.

Прекрасно!

Сега така ослободени од стеги, гордо чекориме во иднината.

Но, непочитувана министерке за ова веќе знаат сите. Заради Вас и Вашите каприци изборите поминаа на штета на СДСМ. Добро, не само заради Вас, но секако Вие непочитувана министерке сте во Топ 5 најомразени личности од власта. Секако, да не заборавам и најлош министер за образование. И ова не е само моја оцена. Цело министерство плаче од Вас. Од портирот доле што мора да ви го чува лифтот и да ги брка сите од фоајето кога Вие доаѓате, па се до 14-ти кат. Сите сектори го сонуваат денот кога ќе си заминете. И Вие и Вашите умислени послушнички што си ги донесовте од Труд и социјала.

Но, да почнам нели околу средно уметничко. Нели тоа е училиштето во кое јас работам. Култното средно уметничко низ кое поминале многу, премногу големи луѓе. Што професори, што ученици. Едно и единствено, расадник на македонската ликовна култура. Вам, непочитувана министерке тоа ништо не Ви значи, бидејќи Вие не сте веројатно од овој свет. Вие да бевте присутна во реалноста и да не бевте самобендисана, ќе завртевте 5-6 телефона и ќе дознаевте кого носите за ВД директор во уметничко. Оти во Скопје со 5-6 телефона се се дознава. Барем така прават оние што сакаат да бидат информирани.

И така неимформирана, непочитувана министерке , си го донесовте за ВД директор во средно уметничко Филип Фидановски. Веројатно единствен критериум за Вас беше неговата ЛГБТ ориентација. Немаше потреба од уверение за директор, Тојфел тест по англиски…и сите оние критериуми наведени во член 91 од законот за средно образование. Од тој ден (11.11.2020) кога го назначивте за ВД Филип Фидановски, во средно уметничко се случи она што србите го викаат “Оде воз у кукуруз ”
Вашиот незаконски поставен пулен самиот со одлука си ја зголеми платата од 33.000 ден. на 43.000 ден. Ги прогласи и тоа со документ, колегите членови на училишниот одбор за криминалци, го попречуваше изборот на претставници на родители, изборот на членови на одборот, вршеше мобинг и го принуди секретарот да оди во предвремена пензија.

Вашиот пулен непочитувана министерке, во април 2020 година, кога во Македонија умираа по 50 луѓе дневно од Ковид, издаде наредба за 8 часовно работно време на професорите без оглед на тоа што немаат толку часови по распоред. Исто така, издаде наредба за настава со физичко присуство. Кога цела Македонија беше онлајн.

Вашиот пулен Филип Фидановски со Ваша помош ги промени нормативите. Ви пиша писмо во кое Ви соопшти дека на пола школо им ги менува нормативите и тие остануваат на улица. И Вие му потпишавте. Ги имам СИТЕ документи. Смени нормативи на пример на предметот Применета графика, каде што наместо Факултет за ликовни уметности-графика, стави Факултет за ликовни уметности-сликарство?!? Ги укина сите нормативи по предмети со норматив ФЛУ-педагошки оддел. На состанок ни изјави дека ќе донел светско име да предава Фотографија. Ќе го донел Милчо Манчевски. Да не ти се верува!!! Секако дека оваа вест Милчо ја демантираше.

Дали ова Вам непочитувана министерке Ви изгледа нормално? Му потпишавте согласност за нови нормативи затоа што Ви е убав? Или маргинализиран?

Дали знаете дека организираше приемен испит на Задушница? На празник, спротивно на законот. Дали знаете дека склучи договор за превоз на ученици без тендер? Дали знаете дека не поднесе завршна сметка пред одборот?

Дојдовте ли барем еднаш да поразговарате со нас? Кога велам НАС, мислам на сите професори што се спротиставивме на ова лудило. А тоа бевме 99% од професорите. Никој немаше позади Филип Фидановски. Сите беа против него и неговите лудории. И вие наместо да дојдете и да го решиме проблемот, Вие не нарековте “Бандата на Диме”

Епа бандата Ве примора да го отстраните од директор. Пишувавме, реагиравме, штрајкувавме пред МОН…цела јавност ни даде подршка.

Отиде Вашиот ВД во историјата. И никогаш повторно нема да биде директор.

А сега непочитувана министерке вториот дел од ова писание!

Делот каде што ќе Ве разобличам. Каде што ќе докажам дека позади Вашата наместена насмевка се крие само криминалец. Оти криминалец е нели човек кој не ги почитува законите. Особено е поразително кога министер не почитува право и закон. Бидејќи владата за тоа се залага. И Европа налага, нели? Правосудство, право, владеење на закони.

Но да одиме по ред.

Откако, несреќникот ВД директор Филип Фидановски на почетокот на август 2021 год. си поднесе оставка, нели требаше нормално да се назначи друг директор на училиштето. Но Вашиот најголем кошмар т.е јас повторно Ви се појави. Овој пат како избран кандидат на јавен оглас за директор. За Ваша несреќа, неможевте да инсталирате “Ваши” луѓе во УО (бидејќи такви во уметничко нема), па моравте да се соочите со проблем. Проблемот за Вас се викаше Димитар Филиповски. Избран кандидат на оглас за директор. Кандидат што ги исполнува сите услови согласно законот. Но Вие, непочитувана министерке моето решение го ставивте во “мирување” додека не завршеле изборите што не беа ни распишани. (Прилог 1) Браво! На сугестија знаете чива ја донесовте колешката Елена Дуковска за ВД директор и тоа на 06.08.2021. Без уверение за положен испит за директор. Спротивно на законот. Оти нели пишува таму…и за ВД треба Уверение.

За да нема некакви заблуди, колешката Елена Дуковска ја почитувам и она е далеку од ликот и делото на Филип Фидановски.

Проблемот сте Вие непочитувана министерке.

Зошто? Затоа што се мајмунисувате со законите на оваа држава. Затоа што ја испративте инспекторката Соња Зашовска од ДПИ, која констатираше со записник дека НИКОЈ во училиштето нема соодветни квалификации за директор. (Прилог 2) За ова ЛАЖНО составување на записник против инспекторката Зашовска е покрената и постапка. (Прилог 3 и 4).

Документи, министерке, документи. Corpus delicti.

Се жалев до второстепена комисија министерке. И Ве добив министерке. Ви го поништија решението и Ви наложија да постапите по огласот на кој што бев избран. И за ова имате документи во прилог непочитувана министерке. (Прилог 5)

Но, внимавајте сега колку сте склони на противзаконие…постапувате на 16.11.2021 според налогот добиен од второстепена и се повикувате на записникот на инспекторот Соња Зашовска која констатирала нели дека никој нема во училиштето Уверение за директор, ОСВЕН Елена Дуковска што била запишана да полага и имала уплатница???

Носите Решение за нов Вд мандат на Елена Дуковска врз основа на записник ??? (прилог 6)
Оној што барем малку разбира право, знае што ова значи. Нормално, моето решение го одбивате, согласно записникот на инспекторот Соња Зашовска. (Прилог 7)

Непочитувана министерке, јас имам Уверение за директор и тоа едно од 2012-та кога прв пат го полагав и едно од 2017-та кое е трајно.

И правдата ќе си ја истерам. И не само јас. И сите оние мои колеги од уметничко кои се бореа и се борат сеуште со штетата што ја направивте. И не само колеги. И родители. И ученици. И бивши и сегашни. Сите оние што застана гордо и со исправена глава против Вашиот терор.

Поздрав непочитувана министерке и да даде Господ никогаш повеќе да не дојде во ниедно министерство личност како Вас.

ПС- Незнам зошто ќе го менувате цел кров на училипштето за 150.000 евра кога нигде не тече.
Без почит,

Пишува Димитар Филиповски, академски вајар од Скопје- професор во ДСУЛУД,,Лазар Личеноски,,-Скопје.

Previous Post

Анастасија и Бетмен – „На Дениција и е исполнета желбата, ќе си добие батко“

Next Post

Заев утре ќе ја поднесе оставката

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Заев со прекрасна вест: Ќе ја обновиме и изгорената шума која беше зафатена од силните пожари

Заев утре ќе ја поднесе оставката

Recommended

Кузмановски: Јас верувам во оваа млада Македонија

9 months ago

Почина глумецот Мустафа Надаревиќ – легендата Изет Фазлиновиќ

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.