Со транспарентот „Декриминализација, кога?“ сексуалните работници денеска на улицата Македонија во Скопје го почнааа традиционалниот 14. Марш на црвените чадори, на 17 декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
„Денес сме тука да ги прашаме носителите и спроведувачите на законите, декриминализација, кога?, бидејќи не можеме да пристапиме до здравство, социјала и правни услуги“, рече претставничка на сексуалните работнички и додаде дека државата мора да мисли и на најранливите категории граѓани.

Фото галерија : Роберт Атанасовски






