„Аналитичарот од Скопје Агим Јонуз јавно го предизвика лидерот на Алтернатива Африм Гаши.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА, која го пренесе повикот на Јонуз до Гаши:
„Јавно го повикувам Африм Гаши од Алтернатива на телевизиски дуел и да ме убеди дека постои најмалку 0,00000001 отсто до јануари 2022 година Бугарите да го сменат мислењето и да го кренат ветото за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ.“
„Ако ме убеди во тоа, јавно ветувам дека ќе се прошетам гол низ центарот на Скопје и ќе викам ‘Јас сум магаре!’ – рече Агим Јонуз.“






