Имено, малото момче кое живее во Грозни, Чеченија, на пат кон училиште застаналo за да прегрне и погали две кучиња на улица. Целата ситуација ја снимил еден станар од соседната зграда, а снимката набрзо стана вирална на социјалните мрежи.
„Една од најдрагоцените и најубавите работи кои сум ги видела во последно време“, „Тоа е едно прекрасно, невино срце“, „Неверојатно дете кое ја дели својата љубов со кучињата скитници“, пишувале луѓето во коментари.
„Го видов видеото. Тоа е Ибрахим“, изјавила Катерина за порталот „The Dodo“, пријателка на семејството на детето, која додала дека ваквата постапка не ја изненадила бидејќи тој е многу добро и убаво воспитано момче.






