Во Србија денеска во полициската акција „Армагедон“ уапсени се 11 лица осомничени од полицијата за педофилија, пренесува Kurir.
Се сомневаат дека тие експлоатирале малолетници за снимање порнографски содржини и поседување и прикажување малолетничка порнографија како и полово вознемирување на деца.
Уапсени се М.М.(1995) од Пирот, М.М.(1995), М.М.(1983), И.М.(1981) и Ф.Б.(1999), сите од Белград, како и Н.Т.(1995) од Топоница, А.С.(1978) од Панчево. Д.М.(1984) од Суботица и С.Н.(1981) од Турија, Ф.Р.(1996) од околината на Чачак и И.А.(1964) од Власотинце.
Тие се обвинети дека подолго време набавувале и чувале детска порнографија на интернет, а постои сомневање дека преку социјалните мрежи разговарале со малолетници на кои им испраќале порнографски содржини, но и договарале сексуални односи со нив.
При претресот на становите на осомничените, пронајдени се поголеми количества видео снимки и фотографии од малолетничка порнографија, во кои има деца на возраст од 5 до 12 години. На осомничените им е одреден дводневен притвор, по што ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.






