Пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоилковиќ, му реплицира на специјалниот владин претставник за Бугарија и експремиер Владо Бучковски, според кој „процесот на србизација на Македонија траеше долго“.
-Македонија е независна веќе 30 години. Но, да не заборавиме дека од 1941 до 1991 година бевме дел од Југословенската федерација. Свесни сме дека работите не можат да се променат преку ноќ-рече Бучковски за „БГНЕС“.
-Додека траеше процесот на „србизација“на Македонија државата се викаше Македонија, народот го носеше македонското име, а службениот јазик се нарекуваше македонски. Сега кога кога се расчисти со србизацијата државата се вика Cеверна Македонија, народот според Преспанскиот договор стана cеверномакедонски, а кога е во прашање јазикот во нововоспоставената јазична федерација тенденцијата е да биде бугарски со српски примеси, вели Стоилковиќ.







