Скопскиот адвокат Јанаки Митровски прашува зошто Здружението на судии не реагира по изјавата на премиерот дека странски судски експерти ќе бидат поканети да даваат оценки за завршени судски случаи во Македонија.
Според Митровски оваа најава за интервенција во судството од премиерот Заев на барање на Алтернатива е доволна за тој да се оцени како ,,отиден со умот”.
,,Заев кажа дека никој нема да ги поништува или оспорува донесените правосилни пресуди на пример за Монструм, Диво насеље, но и затворени истраги како таа за загинувањето на новинарот Никола Младенов, но дека ќе ангажираме европски правни експерти да ги видат предметите и да дадат свој коментар.
Здружение на судии ќе бекне нешто?! Заев отишол со паметот”, вели адвокатот познат по тоа што своите ставови во јавноста ги кажува директно.






