Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ГЕРМАНИЈА воведува ЛОТАРИЈА за добивање РАБОТНА ВИЗА за македонските граѓани

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-12-01
in Uncategorized
ГЕРМАНИЈА воведува ЛОТАРИЈА за добивање РАБОТНА ВИЗА за македонските граѓани

Германските власти најавија дека поради големиот број апликации за виза, според член 26 став 2 од Одредбата за вработување во согласност со Регулативата за Западен Балкан, постојните правила ќе бидат ажурирани.

Според најновото ажурирање направено од Амбасадата, ќе бидат донесени нови правила во врска со процедурата за закажување, бидејќи бројот на апликации го надминува бројот на слободни термини што во моментот се достапни.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

„За таа цел, во февруари по првпат ќе се отвори нова листа за регистрација на термини за поднесување барање за визи. Оваа прва листа ќе биде отворена за регистрации за одреден временски период (најверојатно 2 недели). Листата нема да се затвори, како досега, кога ќе се дојде до одредена бројка на регистрации. Наместо тоа, листата за регистрација ќе се затвори на одреден ден и од сите регистрации, компјутерски, по случаен избор по пат на лотарија ќе се избере кој ќе добие термин во март 2022 година. За точните податоци кога ќе се отвори листата, ќе информираме навреме на нашата веб-страница и преку нашиот фејсбук-профил“ велат од германската амбасада во Скопје.

Тоа значи дека секој ќе може да поднесе апликација, сепак, само оние што ќе имаат среќа ќе можат да закажат термин.

Лотаријата ќе се спроведе во германското Министерство за надворешни работи во Берлин под надзор од повеќе лица, а веднаш потоа избраните лица ќе бидат известени од Амбасадата кога ќе биде нивниот термин во следниот месец.

Дополнително, во соопштението Амбасадата нагласува и дека на апликантите не им е дозволено повеќекратно да се пријавуваат, да ја менуваат регистрацијата или да ја префрлаат на друго лице.

Освен тоа, се нагласува дека оние што се регистрирале порано немаат предност во однос на оние што се пријавиле подоцна и дека не е потребен ангажман на трети лица.

Како што се вели, при приложување на потврдата за термин, влез во Визниот оддел ќе биде дозволен само ако личните податоци во пасошот на подносителот на барањето целосно се совпаѓаат со податоците што се внесени во терминот за регистрација.

„Регистрaциите што не добиле термин ќе бидат избришани на крајот на месецот. Ако Вашата регистрација не добила термин, и во тој случај ќе добиете соодветно известување дека не сте извлечени. Од технички причини, може да поминат неколку дена додека добиете известување. Ве молиме да не испраќате мејлови. За да може да учествувате во лотаријата за термини во следниот месец, потребна е нова регистрација. Само на овој начин може да се доделат термини за поднесување виза според Регулативата за Западен Балкан. Амбасадата не дава други посебни термини и од овие причини Ве замолуваме да се откажете од таков тип на прашања“, додаваат од Амбасадата.

Во моментов, сите земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија – се дел од германската листа со висок ризик за патување во земјата.

Врз основа на сегашните правила за влез во Германија, од патниците од овие земји се бара да пополнат формулар за дигитален влез и да останат во самоизолација десет дена по нивното пристигнување.

Сепак, оние што се вакцинирани со признаена вакцина, како и оние што поседуваат валиден сертификат дека го прележале вирусот, можат да го прескокнат карантинот.

Центар.мк

Previous Post

Ако ја најдовте дома КЕСАТА СО КЕСИ обезбедени сте, па не сме Рокфелер, 1 кеса – 7.5кг јаболка (Твитер)

Next Post

Ибрахимовиќ: Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија, не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Ибрахимовиќ: Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија, не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски

Ибрахимовиќ: Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија, не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски

Recommended

Од Нова година ЗАДОЛЖИТЕЛНО регистарски таблички со ознака НМК

12 months ago
Ќерката на Моника Белучи го освојува светот (ФОТО)

Ќерката на Моника Белучи го освојува светот (ФОТО)

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.