Полицијата вечерва соопшти дека причината за блокадата на дел од центарот на Скопје е пријавен напад во објектот на Македонскиот народен театар, по што биле евакуирани сите објекти од културата во околината.
Бил извршен преглед на објектот со полициски кучиња, по што е заклучено дека дојавата е лажна. Одложена е претставата „Не се клади на Енглези“ која била на репертоарот на театарот вечерва.
„МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, се вели во соопштението.







