Дали може еднаш , барем ЕДНАШ да не упропастиме нешто толку симпатично, детски и наивно…?! -напиша Лила на Фејсбук.
Дали може ЕДНАШ фино да се насмееме на нечија реакција без притоа да имаме потреба да бараме маани, да анализираме ДНК, и даваме дијагнози до нечие трето колено ?!!!! Аман бре луѓе АМАН !!! Па ако нешто е толку очигледно е токму нормалноста на Петар…фино, културно воспитано дете. Интелигентно со убава течна мисла за разлика од многуте кои што овде деноноќно нешто пишуваат и паметуваат а се полуписмени !!!!
Искрена душа кој ете едноставно не сака грашок ( како впрочем и многу други деца) и најискрено ги сподели своите чувства и доживувња! На секој кој пишал лош коментар нека му служи на чест, на родителите ќе им кажам дека имаат едно прекрасно воспитано и умно момче а на Петар ќе му кажам само едно: “Што и да пишуваат и да зборуваат не можат да ти го земат тоа што го поседуваш а тоа е харизма, интелигенција и една светла ѕвезда која допрва ќе сјае…и секако сакам да те запознаам и да те носам на бурито во некој убав ресторан
– напиша ТВ водителката Лила Стојаноска на ФЕСБУК.






