Докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, вечерва на својот Фејсбук објави главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, што според него, е голема загуба во ова време на корона вирус.
„Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…“, стои во објавата на Лазаров.






