И сеуште молк … никој ни да зуцни, зарем вака се оди напред, со пустошење на Македонија со уништување на се она што е МАКЕДОНСКО. Ја сакаме Македонија, се бориме за Македонија, ќе одиме напред. Каде се овие ветувања? Зарем сите забораваат од каде идат кога ќе стигнат на врвот. Вака ли се сака Македонија?
Каде се сите да помогнат онаму каде е најтешко. Каде се сите да помогнат на Преспа? Езерото полека го снемува одамна веќе го изгуби сјајот… и со последните сили моли за спас. Но не нажалост нема кој да слушни, нема кој да види, нема кој да реагира.
Зошто институциите молчат, зошто медиумите молчат зарем тука е крајот на ова прекрасно катче рај на македонија. И додека сите молчат, време е народот да зборува…. Ова не е само мое езеро, ова е и твое езеро, твоја гордост твоја земја, ова е на сите нас. Јавно ги повикуваме сите надлежни институции да се произнесат и да излезат со конкретни мерки за спас на Преспанското езеро







