Свети Мина беше по род Египјанец, а по професија во јник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина.
На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше от*ечена главата.
Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаче ници Димитриј и Ѓорѓи.






