Жртвите од тешката сообраќајна несреќа, што се случи ноќеска во Бугарија, се од Скопје, Струмица, Битола и Велес, пишува бугарскиот портал btvnovinite.bg. Од овие градови била организирана екскурзијата.
Во сообраќајната нерсеќа загинати се 46 патници, а седум успеале да се спасат. 17годишното девојче и шест возрасни патници се примени во болница во Софија и се надвор од животна опасност, пренесуваат бугарските медиуми.
Турстичката агенција „Беса транс“ од Скопје, сопственик на автобусот во кој на враќање од Бугарија загинаа најмалку 46 патници, а седумина се повредени, организирал туристички тури до Истанбул двапати неделно.
Во аранжманите, со две и со три ноќавања. по цена од 79 и 99 евра биле вклучени посети на историски знаменитости и верски објекти на Истанбул.






![Ваков гол може да постигне само Меси [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-06-131942.png)
