Свадбата за една невеста е најважниот момент во животот. Многу жени овој ден го сонуваат и планираат со години. Но по се изгледа дека некои невести имаат поважна работа од својата свадба, а таков пример ни доаѓа од Јужна Америка/
Интересна сцена се случила за време на свадба во Бразил, која стана хит на социјалните мрежи.
Имено, за време на самата церемонија стигнала веста дека Луис Хамилтон победил на Големата награда на Бразил во Формула 1, која се возела во Сао Паоло.
Кога невестата слушнала дека Хамилтон е најбрз, накратко ја прекинала церемонијата и ја прославила победата.
Видеото предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а на Твитер го објави и тимот на Мерцедес кој го вози Хамилтон.






