Ангелот Михаил по чија чест денеска е голем празник бил познат не само во христијанството, туку и во муслиманскиот свет, па така се споменува во Куранот.
Во Куранот Михаил е споменат еднаш, Ел-Бекара:98. Во неговиот коментар на стих 91 од таа сура, Бајдави приспомнува една прилика кога Омар пошол во еврејско училиште и се распрашал за Гаврил. Учениците рекле дека тој е нивен непријател, но дека Михаил е добар ангел, кој носи мир и изобилие. Како одговор на Омаровото прашање за позициите на Гаврил и Михаил во однос на Бога, тие декле дека Гаврил бил од десно, а Михаил од лево. На оваа невистинитост Омар се побунил, и изјавил дека кој е непријател со Божјите ангели, нему Бог ќе му биде непријател. Кога се вратил кај Мухамед, Омар видел дека Гаврил го претркал и веќе му ја кажал пораката, која се состои во стих 92. Во врска со сурата Худ:72, муслиманските коментатори велат дека Михаил бил еден од трите ангели кои го посетиле Аврам.
Кај муслиманите Михаил е еден од четирите ангели (со Изрил, Исрафил и Џибрил), и еден од двата ангела, со Гаврил, именувани во Коранот. Некои веруваат дека постојат десет ангели – Михаил, Изрил, Исрафил, Џибрил, Мункар, Макир, Ракиб, Атид, Малик и Ридван.
Тој живее на седмото небо и се верува дека има крилја со смарагдно зелена боја.
Во исламските преданија Михаил секогаш е втор по Гаврил. Кога Бог го создал Адам, тој го пратил прво Гаврил, па Михаил да ја донесе глината од која е требал да биде направен човекот. На смртната постела, Мухамеед рекол дека Гаврил ќе биде првиот, а Михаил вториот кој ќе се моли за него.
За Михаил се верува и дека носи благослови.
Во Исламот се смета дека постои неизброен број на ангели. Така се верува и дека именуваните ангели се поглавари на оддели; т.е. Михаил е главен ангел на благословите.






