Филмот „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија.
Македонската пејачка Антониа Гиговска на својот „Инстаграм“ објави видео на кое го пее делот на Силвана односно Сузана и побара оценување.
-Уште ми е еден од најубавите филмови. Мераклии на кафана сакам оценка во коментар“, напиша таа.






