Хорор во албанскиот гард Фиер, 38-годишник го киднапирал детето на соседот, го убил со лопата и го закопал во дворот!
Безживотното тело на 8-годишното дете било прекриено во кал! Сторителот и во 2006 година бил осуден дека зел како заложник малолетничка.
38-годишник од градот Фиер во соседна Албанија го киднапирал детето на соседот па монструозно го убил со лопата и го закопа во дворот! Безживотното тело на 8-годишниот Матео Васиу е пронајдено покриено со кал, додека имал и два удари во главата! Насилникот Клодијан Чаламани е уапсен и го признал делото на полицијата. Жртвата бил внук на пријателна Клодијан Чаламани. Соседите велат дека сторителот бил пијаница, додека чичкото на убиениот малолетник бара смртна казна.

8-годишниот Матео Васиу како и секој ден си играл со велосипедот на својот сосед по улиците на селото Гречали во Фиер, но овој вторник оваа сцена на невиност заврши со макабро злосторство. Матео бил киднапиран, убиен па закопан! Авторот на ова макабрно злосторство, кое ја надминува секоја имагинација, има име. Станува збор за Клодијан Чаламани, 38-годишен кој и претходно билк осуден.
Токму мајката на малолетникот, Флорида, во 15 часот и 30 минути пријавила во полиција дека нејзиниот син исчезнал и немало трага од него. По пријавата, полициските службеници започнале истрага и од безбедносните камери било откриено дека последната комуникација на малолетникот била со Чаламани, неговиот сосед. По ова, службениците отишле во домот, каде младиот маж бил забележан загрижен, што предизвикало сомнежи кај полицијата, а поради тоа бил спроведен во полициска станица. На распитот тој се предал и го признал монструозното злосторство, каде освен што го убил, и го закопал во дворот. Полицајците уште еднаш се вратиле во домот на младиот човек и го пронашле мртвото тело на 8-годишното момче покриено со кал. Малолетникот бил варварски удрен со лопата зад главата, овие удари кои биле фатални, му го одземале животот на 8-годишното дете. Мотивите на ова злосторство се уште остануваат мистерија, што може да го натера 38-годишниот маж да убие едно невино 8-годишно дете..

Денеска роднините на убиеното дете влегоа во судот барајќи сами да му пресудат.

Видео:






