Пандора Гостивари, скромна по природа, вљубена во музиката и дел од естрадата уште од свои 12 години,кога за прв пат го зела микрофонот во раце, е една од најбараните, но и моментално најплатените пејачки од земјава. Иако премногу не се експонира во јавност, на нејзината официјална страница можат да се погледнат видео снимки од нејзините настапи, на кои таа настапува, најчесто седи додека пее, а еуфоричната публика ја опсипува со пари, пишува Фокус.
На страницата на музичкиот канал Јутјуб пак, нејзините видеа имаат и по два милиони прегледи.

-Горд сум на сопругата која со талент, со прекрасниот глас и со својата скромност успеа да стане најбараната пејачка во земјава. Зад себе има авторски песни, дуети, посветена е на музиката, иако не е многу експонирана во земјава. Но, прегледите на Јутјуб на нејзините песни, како и понудите за настапи, зборуваат сами за себе кога е нејзината популарност во прашање – појаснува нејзиниот сопруг и менаџер Беким.
Целиот текст ТУКА






