Тежи колку векна леб и веќе 51 ден се бори за живот на Интензивна нега на Клиниката за гинекологија. Најмалото по тежина бебе родено годинава во Македонија имало само 480 грама, на свет дошло во 24-та недела. Од ГАК велат дека детето е стабилно и добро напредува.
Од почетокот на годината на Клиниката дури 808 деца биле предвремено родени, што е околу 25 проценти од вкупниот број раѓања.
За разлика од пред 5 години смртноста на децата родени под 37-та гестациска недела од 25 е намалена на 9 проценти, а бројот на предвремени породувања бил сличен, информираат од гинекологија д-р Викторија Јовановска, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство
Во 2018 на ГАК се роди и најмалото бебе по гестациска недела на Балканот кое после 4 месеци престој на Интензивна нега ја доби битката за живот. Бетим беше роден во 23-та гестациска недела, а тежеше 700 грама.






