Златан Ибрахимовиќ кој стигна дури до 501 гол во кариерата постигнат во клупскиот фудбал, го прослави роденденот со изненадување.
Напаѓачот на Милан реши да сподели видео на кое игра на популарниот хит „Јутро је“ од Нада Топчагиќ. Видео стана вирално на социјалните мрежи.
На роденден на мојот драг Златан Ибрахимовиќ. Гори Милано со „Јутро је“. Благодарам Златан, благодарам Милано, благодарам свету! Ве сака и ве љуби Надица! Повеќе информации наскоро – напишала Нада која се сликаа со Златан и нејзиниот сопруг.
Топчагиќ беше на местото на забавата на Ибра, а тука беше и Пол Погба, и секако многу гости од Италија.
Инаку, Ибрахимовиќ за роденден си купи Ферари спајдер од половина милион евра.

Како изгледаше прославата и изненадувањето:







