Во Турција неодамна се одржа изборот за „Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best FOTOMODEL).
Таа е од Тетово, има 24 години и членка е на „Модното студио Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија.










