Фудбалерот кој ја почна акцијата по која Македонија го голот кој не однесе на Европското првенство, Елиф Елмас, со многу емоции го преживеа самиот меч. Елмас има блескава кариера пред него, а е во неговите дваесетти години.

Да се потсетиме што велеше Елмас за значењето на македонскиот дрес.
Македонија е нешто што многу значи. Прво, Македонија е едно големо срце! Потоа татковина, мајка… За Македонија сè би дал. И ова не го зборувам само колку да го кажам, туку е нешто што го чувствувам. Многупати досега го покажав тоа дека би играл за сите селекции. Ако треба и ако можам пак ќе играм за сите селекции – до мојот последен здив! И на сите играчи им велам дека треба да ја сакаат својата држава како што ја сакам јас и да уживаат во тоа – порача Елмас кон крајот на минатата година, пренесе „Спорт1.мк“.
Тој е млада ѕвезда на Наполи, а вчера вечер во натпреварот Македонија и Исланд, ги скрши Исланѓаните со два гола и го трасираше патот на Македонија.

Елмас во 65-та минута постигна гол за водство од 2-1, откако Исканѓаните израмнија со голот на Торстеинсон во 54-та минута. Елмас беше стрелец и на третиот погодок за нашиот национален тим во 87-ма минута и дефинитивно стави крај на надежите на Исланд.
Македонија треба да се радува со ваква ѕвезда како Елиф Елмас.







